Што со него?
» Но вистинското прашање е зошто Renault нам ни ја сервираше оваа информација, кога во неа јасно се кажува дека Kiger е наменет само за Индија. Или можеби не е? И Arkana беше наменета само за Русија, ама ете се појави и во Европа, во едно друго, механички подобро издание.
Одговорот на ова прашање го дава Фабрис Камболив, одговорниот на Renault за азиско-пацифичкиот регион, кој во првото видео јасно кажува дека после Индија Kiger ќе биде лансиран глобално. Европа не ја споменува, но во гамата на Renault има место и за него бидејќи е долг под 4 метри, што е помалку од Clio. За тамошните услови има очекувано растојание од тлото од 21 сантиметар, што заедно со 19-инчните тркала му дава моќен изглед. Јасно, погон на сите тркала нема, а за задвижување на предните ќе се грижат два еднолитарски агрегати со и без турбо компресор и со 99 односно 72 KS. Посилниот ќе доаѓа и со безстепена автоматика, а дел од стандардната опрема ќе меѓу другото бидат и ABS со EBD системот, предните воздушни перници, задните паркинг сензори, инфо-забавниот систем, темпоматот, камерата од 360 степени, Hill Start асистентот…