Ќе стигне ли и во Европа?
» Неверојатно симпатичен, Renault Kiger е субкомпактен кросовер со кој марката ќе конкурира на сé поголемиот број модели од овој сегмент. Направен е на модифицирана верзија на CMF-A платформата која во Европа ќе стигне со електричниот Dacia Spring. Долг е за влакно под 4 метри, широк 1,75 висок 1,6 и има меѓуоскино растојание од 2,5 метри, а значајно е и што растојанието од подлогата му изнесува солидни 205 mm. Во багажникот му собира меѓу 405 и 879 литри, а во гамата мотори се трицилиндричните 1,0 литарски атмосферски и турбо со 72 и 100 KS, спарени со петстепен мануелен или кај првиот со Easy-R роботизирана, а кај вториот со CVT трансмисија. Погонот е само на предните тркала, а на возачот на располагање му стои и Sport режим на возење.
Значајно за овој модел е и тоа дека иако потекнува од Индија, во втората фаза ќе биде пласиран интернационално. Европа директно не се споменува, но воопшто не би се изненадиле ако го видиме и тука.