Електрична алпска врелина
» За својата трансформација во премиум електричен бренд на Renault, сега спортската филијала Alpine подготвува врело трио автомобили. Прв ќе биде преработката на идниот Renault 5, следен со електричен наследник на A110 и еден SUV модел. Alpine верзијата на Renault 5 кој ќе го замени сега популарниот Zoe, треба да пристигне во 2024 година. За разлика од стандардната „петка“ која се очекува да има електромотор од 136 KS, Alpine R5 ќе се пофали со 218-те коњи од идниот Megane E-Tech, со кои би можел до 100 km/h да забрза за помалку од 6 секунди. Се очекува да има батерии од 52 kWh кои ќе обезбедат автономија од околу 320 km.
За електричниот наследник на A110 се дека ќе биде двосед развиен заеднички со Lotus, додека пак SUV моделот ќе биде на располагање во конфигурации со повеќе мотори за да се обезбеди поагилно возење и управување. Како би изгледале, дизајн-експертите на Auto Express се обидоа да ни илустрираат.