Tags: , ,
Renault 4 дефинитивно се враќа

Две изненадувања во пакет

» Renault 4 дефинитивно се враќа, донесувајќи две изненадувања. Првото е пријатно, дека ќе го има истиот дух како и својот предок од пред шеесет години, а второто непријатно е дека ќе биде премиум позициониран модел кој треба да носи пари. Накратко кажано, Французите ќе ја применат истата формула како и Fiat кога го реинкарнираше 500. Тоа, додуша со поинакви зборови, на салонот на автомобилите во Минхен го потврди првиот човек на францускиот производител Лука де Мео, кој, случајно, своевремено беше одговорен и за лансирањето на Fiat 500. Новата четворка која најверојатно ќе го носи името 4ever треба да биде претставена 2025 година. Ќе ја дели платформата со ретро инспирираниот Renault 5 и ќе има форма на кросовер.

До крајот на деценијата Renault ќе претстави 10 нови електрични модели со кои сака електричните возила со 90 отсто да му учествуваат во продажбата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *