Сефранцуска електрификација со резервен план
» Намерите за својата електрификација Renault ги обзнани лани на почетокот на годината и иако сé уште не се целосно официјализирани, веќе е извесно дека се поставува 2030-тата како година после која француската марка во Европа ќе продава само електрични возила. Причините за воздржаноста покрај јасната цел се моментално недоволно развиената инфраструктура за полнење и од скоро скапата струја заради што Renault има и резервен план, односно ќе продолжи со производство на возила со мотори со внатрешно согорување. Со иста претпазливост ќе настапи и Dacia кај која електрификацијата ќе биде оставена за последниот можен период, што веројатно значи после 2030 година бидејќи Европската унија сака да ја запре продажбата на новите автомобили со класични мотори до 2035-тата.