Tags:
Red Bull подготвува хибриден суперавтомобил

Цена по парче 5 милиони фунти

» Шампионскиот Red Bull заедно со легендарниот Адриан Њуи подготвува двосед брз како болид од формула 1 со кој возбудувањата на овој спорт ќе можат да ги почувствуваат поширок круг луѓе. Не многу поширок бидејќи пречка ќе биде цената од 5 милиони фунти парче. Концептот е наречен RB17 со што јасно се поврзуваат работите – ланскиот F1 болид на Red Bull ја има ознаката RB16, а годинешниот RB18. Ќе има V8 мотор со хибриден погон и систем за регенерација на енергијата со вкупна моќност од 1.233 KS. За него Њуи осмислил исклучително атрактивна и аеродинамична каросерија, која допрва треба да ја видиме. Red Bull планира да направи 50 примероци од овој болид со затворена каросерија, почнувајќи од 2025 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *