Веќе за две години маржите ќе се изедначат
» Porsche важи за производител на возила со високи маржи и профит, но и доста конзервативни сфаќања за некои работи. Една од нив е и електрификацијата која ја спроведува со побавно темпо на отколку другите од групата Volkswagen. Но сепак признава дека во електричните возила гледа поголем профит отколку кај оние со класични мотори. Според главниот финансиски директор Луц Мешке Porsche очекува паритетот помеѓу маржите да се постигне веќе за две години, за што како причина наведува дека купувачите лесно плаќаат повеќе за новите технологии. Според нивните прогнози, до крајот на деценијата на електричните возила треба да им припадне половина од глобалниот сегмент на луксузни автомобили. Но раководството на Porsche сака да биде пред конкуренцијата и до тој период да продава околу 80 отсто електрични модели.
Но и покрај сé, 911 сепак ќе остане без електрика, не само затоа што во моментов е најпрофитабилниот модел на марката.