Дизајн кој предизвикува, наскоро нов хибрид
» Иако сé уште изгледа(ше) свеж, втората генерација на Peugeot 508 дебитираше пред скоро пет години. Во меѓувреме останатите нови модели на француската марка добија ново лице, така што беше сосема очекувано и тој да биде обновен. Темелно, и однадвор и одвнатре, а наскоро и со нов интересен хибрид. Добра вест е и што и покрај вестите дека ќе биде исфрлена, во понуда остана и PSE спортската верзија. Погледнете го видеото од неа.