Никогаш нема да погодите каде
» На врвот на својата популарност во Европа, во 1992 година Peugeot 405 започна да се произведува и во Иран. Но пред некоја година, Iran Khodro, тамошниот партнер на францускиот производител, започна со сериозна модернизација на гамата во која веќе немаше место за 405, туку само за моделите кои беа изведени од него. Тој сепак не замина во историјата, туку се пресели во соседството, во Азербејџан, каде беше ребрендиран како Peugeot Khazar 406 и лансиран на пазарот по цена од нешто под 9.000 евра. За тие пари купувачите добиваат 1,8 литарски Еуро 5 бензински мотор со 100 KS, клима-уред и две воздушни перници, ако платат уште малку и keyless entry систем, сензори за паркирање, електрично задвижувани седишта и други модерни работи, а достапен е и со дизел мотор со 106 KS и автоматски менувач. Интересно е што азербејџанската компанија го извезува овој модел во Иран.
Во својата досега 33-годишна историја, Peugeot 405 покрај во Франција, Иран и сега Азербејџан, се има произведувано уште и во Велика Британија, Полска, Ирак, Египет, Аргентина, Чиле, Индонезија, Малезија, Тајланд, Тајван и Зимбабве. Досега се произведени преку 5 милиони примероци.