Peugeot 308 е автомобилот на годината во Македонија
» Националното стручно жири за избор на автомобил на годината во Македонија по 28-ми пат го избра победникот меѓу новитетите кои во текот на минатата година пристигнаа на нашиот пазар. Согласно критериумите на изборот, најуспешен меѓу седумте финалисти беше Peugeot 308. Третата генерација на овој модел направи значаен технолошки исчекор во класата. Уникатен според својот стил, со мултиенергетски можности и две каросериски изведби тој успева да ги сублимира класичните вредности од минатото, рационалноста на актуелната технологија и иднина со максимален респект кон природата.
Покрај титулата „Автомобил на годината во Македонија“, националното жири додели и две признанија – за SUV на годината на Kia Sportage и електрично возило на годината на Fiat 500e.