Red Dot награда за Peugeot 308
» Првиот модел кој гордо го носи новиот амблем на марката, Peugeot 308, се закити со најценетото признание за дизајн на производи, Red Dot, во категоријата автомобили и мотоцикли. 50-те членови на жирито беа потполно импресионирани од неговиот уникатен стил, високото ниво на квалитет употребен во дизајнот, како и од иновативниот i-Cockpit. Потенцијалните купувачи од сите континенти се ослонуваат и му веруваат на Red Dot признанието кое секоја година дизајнерските експерти го доделуваат во 51 категорија како гаранција за квалитет и врвна ергономија. Peugeot 308 е седмиот модел на марката кој е награден со ова престижно признание инаугурирано во 1955-та година во Германија и од тогаш важи за признание кое се доделува за најдобри дизајни ширум светот.
Линда Џексон, првата дама на Peugeot, изјави: „Горди сме што го добивме Red Dot признанието за новиот 308. Новото лого ја симболизира грижата, вниманието и страста која е употребена во креирањето на овој модел, уметноста и вештите раце на креаторите, технолошката извонредност, прецизноста и иновативноста која всушност го карактеризира овој дизајн. Оваа награда, најценета во светот на дизајнот на производи, само покажува дека сме го направиле вистинскиот избор при дизајнирањето на нашиот нов автомобил.“
Оваа награда е 11-та интернационална што новиот 308 ја има добиено од неговото лансирање при крајот на минатата година.