Огромен успех за 3008
» Пет години по лансирањето, Peugeot 3008 како еден од најпродаваните модели на марката веќе го слави својот милионити примерок кој излезе од производствените ленти на фабриката во Сошо. Произведуван во Европа и Кина, овој кросовер започна со освојување на експертите уште пред да се појави на пазарот и досега има добиено вкупно седумдесет и шест награди ширум светот, вклучувајќи ја и престижната титула „Автомобил на годината“ за 2017-та. Во Франција Peugeot 3008 е лидер во својот сегмент уште од првиот месец по појавувањето. Во Европа тој е на второто место во SUV сегментот во оваа 2021 година. Исто така, зазеде силна позиција во Јужна Европа, каде што е број еден во Португалија и број два во Италија и Шпанија.
Европа сочинува 65% од продажбата на Peugeot 3008. Неговите главни пазари надвор од Европа се Турција, Израел, Јапонија и Египет. Повеќе од 80% од продажбата на Peugeot 3008 се верзии со автоматски менувач, а речиси 38% се со повисоките сегменти, што совршено го илустрира позиционирањето на марката на пазарот.