Врели вести за крај на врелото лето
» Британскиот ентузијазам кога автомобилите се во прашање не познава ни признава никакви граници. Докази има безброј, а за крај на ова врело лето избравме една врела вест спакувана во жолта каросерија. Таа однадвор изгледа како Peugeot 205 GTi, ама веќе еден поглед одвнатре кажува нешто друго – управувачот, инструмент таблата и рачката од менувачот од Porsche Boxster само навестуваат што може да биде. Според сопственикот на овој автомобил, од германскиот тркач е пресадена целокупната погонска механика – 2,7 литарскиот мотор, петстепениот менувач, ослонувањето, ABS сопирачките, системот за управување, па дури и електричната инсталација и дел од електрониката, како што се системот за контрола на пролизгувањето и темпоматот. За сето тоа да се држи заедно од Boxster е земена и подницата, што всушност значи дека овој 205 е повеќе Porsche отколку Peugeot. Пакетот е заокружен со безбедносен кафез, посебни издувни цевки и оглас дека ова уникатно возило во кое очигледно се вложени многу труд, време и пари, се продава.