Награди се множат за Peugeot
» На дигиталната церемонија Automobiles Awards, новиот Peugeot 3008 ја доби наградата „Автомобил на годината 2020“, доделена од јавноста. Електричниот е-Expert ја прими специјалната награда од жирито, а брендот Peugeot беше именуван како „Бренд на годината“ од генералните менаџери на 39 бренда учесници.
За своето трето издание, Automobiles Awards имаат за цел да ги наградат најистакнатите производители и најиновативните производители на опрема во моментот, доделувајќи вкупно педесет награди. Оваа година, жирито со кое претседаваше Арно Дукрет ги избраа победниците – само наградата „Автомобил на годината 2020“ ја додели јавноста, која го номинира најистакнатиот автомобил на годината од сите категории заедно.
На гласањето на кое се собраа 245.000 гласачи, се изедначија новиот Peugeot 3008 и Porsche 911 S од единаесетте кандидати кои беа во конкуренција. Новиот 3008, претставен во септември минатата година, со својот нов дизајн ја претставува новата ера на модерност со редизајнираниот преден дел и новите Full LED задни светла. За да се отелотвори „моќта на изборот“ и да се усогласат задоволството и ефикасноста при возењето, како опција се нудат хибриди на полнење, бензински или дизел мотори.
Новиот е-Expert ја освои специјалната награда од жирито во категоријата комерцијални возила. Со својот 100% електричен мотор е совршен пример за „моќта на избор“. Новиот e-Expert нуди две нивоа на автономија кои овозможуваат до 330 km во циклусот на сертификација WLTP и на тој начин овозможува неограничен пристап централните градски подрачја. Брендот Peugeot, пак, ја освои наградата „Бренд на годината“,доделена од страна на генералните менаџери на брендовите учесници.