Ќе му се даде ли шанса на Минхен?
» Откако заради континуираниот пад на посетеноста на публиката и интересот на изложувачите организаторот на најголемиот германски и еден од најпознатите светски салони на автомобили IAA го смени форматот и градот каде се одржува, се надеваше дека ќе го врати на вистинскиот колосек и ќе привлече големи имиња на обновениот настан, пред сé домашни. Меѓу нив, без дискусија и без разлика кој му е или му бил сопственик, отсекогаш се сметал и Opel. А токму од таму стигна шлаканица – VDA мора да се помири дека Минхен 2021 ќе помине без оваа, како и без останатите марка од групата Stellantis, но и без Toyota, Kia, Jaguar, Land Rover…
Ова секако е голем удар за организаторот, германската асоцијација на автомобилски производители чиј биенален настан е планиран за септември, посебно затоа што токму во тој период треба да биде претставена новата Astra, така што човек не може да не се запраша дали автомобилските производители преку Opel сакаат да испратат некоја порака.