![Nissan Leaf станува компактен SUV](https://turbo1.mk/wp-content/uploads/2021/10/Nissan-Teaser-image-source1-795x385.jpg)
Но не сега, туку од 2025-тата
» Мислевме дека Ariya ќе го зазеде SUV-местото во електричната понуда на Nissan во компактната класа, но згрешивме – тоа ќе биде резервирано за електричниот пионер, првиот големосериски електричен автомобил во светот, моделот Leaf. Но не сега, туку од 2025-тата кога неговата трета генерација ќе отвори ново поглавје. Ќе биде втемелен на CMF-EV платформата на сојузот Renault–Nissan–Mitsubishi и ќе донесе нови вредности во светот на електричните возила. Барем така велат европските претставници на јапонскиот производител. Истите тие тврдат и дека ќе се произведува во фабриката во Велика Британија за која до скоро се сметаше дека е на списокот за затворање. Во тоа уверуваат со најавени милијарда фунти инвестиции.