Кога ќе дојде во Европа, не се знае
» Како и што се очекуваше, новиот модел на кинескиот Nio кој ја има ознаката ET5 ќе биде директен конкурент на Tesla Model 3. Или можеби и не, бидејќи по многу нешта го надминува. Како прво, автономијата од 1.000 километри, кога е опремен со најголемиот пакет батерии од 150 kWh. На располагање ќе биде уште и со 75 и 100 kWh, кои ќе му обезбедат автономија од 550 односно 700 km. И димензиски (4.790×1.960×1.499 mm со меѓуоскино растојание од 2.888 mm) е малку поголем, а според изгледот е поубав. Внатрешноста му е подобро и поквалитетно уредена, а располага и со одредени автономни можности. Го задвижуваат два електромотора са вкупно 483 KS и 700 Nm вртежен момент, а забрзувањето до 100 km/h трае 4,3 секунди. Испораките на ET5 во Кина ќе започнат од идниот септември по цена од 51.500 долари, а кога ќе пристигне во Европа не е познато. Nio планира од идната година да влезе во Норвешка, Германија, Холандија, Шведска и Данска, а за САД засега нема планови.