На повидок жестока електрична пикап битка
» Многу добро знаеме кој бил Никола Тесла. Што во моментот претставува Tesla во светот на автомобилите, исто така. Но што правиме со Nikola? Тоа е бренд кој во најава има неколку возила од товарната програма кои исто така ќе бидат задвижувани од електромотори. Точката во која се спојуваат Nikola и Tesla се хиперпопуларните пикап модели. Додека Tesla на големо се фали со својот Cybertruck, Nikola се подготвува да одговори со моделот Badger.
Сé до официјалното претставување за Badger се знаеше само дека ќе биде понуден со електричен погон, но и со Fuel Cell систем горивни ќелии. Интересно е што на купувачите им се остава можноста да се одлучат за варијанта само со батерии, со можност во било кое време од експлоатацијата дополнително да го вградат системот кој работи на водород. Од лиферуваните технички податоци можеме да заклучиме дека континуираната силина би изнесувала 455 KS со кракотраен пик од цели 906 KS.
Секако, кај електричните возила најбитен податок е автономијата. Во тој поглед Badger поставува нови лимити – батериите овозможуваат 300 милји (околу 480 km), a горивните ќелии (со резервоар од 8 kg водород), уште толку. Кога батериите се празни а електричната енергија ја обезбедуваат горивните ќелии, моторите можат да испорачуваат максимални 163 KS.
Сé уште не е познато колку погонски електромотори – 1, 2, 3 или 4, ќе бидат вградени, но со сигурност се знае дека во Badger ќе биде вграден напреден погон кој ќе ги задвижува сите тркала. За цените и условите исто така нема информации, но секако дека ќе бидат на ниво на конкурентите од калибарот на GMC Hummer Electric, Ford F-150 Electric или споменатиот Tesla Cybertruck.