Tags:
Mini од новото доба

Креатор на ново пазарно ќоше

» Модерниот Mini се роди на почетокот на новиот милениум под чадорот на BMW како наследник на класичниот и легендарен модел кој после 41 година престана да се произведува само неколку дена подоцна. Како и тој, и новата генерација на Mini пружи нови можности за уште една револуција во сегментот на малите автомобили. Mini беше прво премиум возило во оваа класа. Неговиот модерен концепт го промовираше континуираниот напреден развој до денешните денови, опфаќајќи ги забавното возење, ефикасноста, комфорот, безбедноста и последното но не и најмалку важно, разноликоста на моделите кои пристигнаа со текот на годините.

Есента 1997-ма BMW на салонот во Франкфурт ја покажа студијата ACV30 која генерираше своевидна Mini-треска. Таа траеше до 2000-тата до кога нашироко се расправаше за повторното стартување на марката и претстојната презентација на серискиот модел. Паралелно со неговата светска премиера во Париз стартуваа и националните и меѓународни веб-страници на Mini на кои доста брзо се регистрираа повеќе од 100.000 потенцијални купувачи заинтересирани за овој автомобил. На почетокот за него беа предвидени две верзии од 90 и 115 KS на 1,6 литарскиот Tritec мотор кој беше заеднички развиен и произведуван во Бразил од страна на BMW и Chrysler. Возилото инженерски беше доста добро конструирано, но технички ускладени решенија кои гарантираа добро однесување во возењето. Ентериерот во Mini отсекогаш бил посебен, па така и оваа негова генерација го пленеше вниманието со брзиномерот поставен централно оддавајќи му со тоа почест на својот претходник.

Лавината разноликост започна пар години подоцна со проширувањето на гамата на тогаш единствениот модел на марката најпрво со Cooper S верзијата со 163 компресорски коњски сили и дизел изведбата со 1,4 литарски  мотор од Toyota со 75 коњи. Следеа кабриолет изданието и лутата John Cooper Works варијантата со 211 коњи, за со појавувањето на наредната генерација во 2006 година понудата да се прошири и со нови модели – Clubman, Countryman, Coupe, Roadster и Paceman. Новата историја на Mini започна да се пишува со големи букви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *