Една од најславните трки во издржливост
» Mille Miglia се одржуваше на италијанските патишта од Бреша до Рим и назад по различни рути меѓу 1927-мата и 1957-мата, со исклучок на воените години. Но не беше прекината заради тоа – беше исклучително опасна и во 1938 година после загинувањето на 11 гледачи Бенито Мусолини ја прекина. Беше обновена во 1947-мата но десет години подоцна дефинитивно беше прекината – тогаш загинаа 12 луѓе. Во вкупно одржаните 23 изданија на Mille Miglia имаат загинато 56-мина – 34 возачи и 32 гледачи меѓу кои доста деца. Всушност контролирањето на големиот број на гледачи (и до 5 милиони) распоредени по рутата долга околу 1.500 километри (околу илјада римски милји од каде е и називот на трката) беше голем проблем на организаторите.
Најуспешни во историјата на Mille Miglia беа Alfa Romeo со 11 победи и Ferrari со осум, Mercedes има две, а Lancia и OM по една.