Франкенштајн ли е, што ли е…
» Ниту едното, ниту другото туку неопеан херој на своето време, настанат токму како и Франкенштајн. Имено, Michelin во 1972 година како тогашен сопственик на Citroen го има конструирано овој монструм со 10 тркала со намена за тестирање камионски гуми. Официјалниот назив му е Michelin PLR, интерниот Citroen DS PLR Break, како кратенка од Poids Lourd Rapide што во слободен превод значи „брз тешкаш“, но сите го викаа Mille Pattes, на француски стоногалка. А нозе има точно 11 – покрај десетте тркала што ја носат структурата тешка 9,5 тони, уште едно камионско кое се тестира. Механичката основа заедно со хидропневматското ослонување му е од DS, а има два 5,7 литарски V8 мотори од Chevrolet Corvette со вкупно 700 KS, еден за задвижување на возилото, а вториот за тркалото со камионската гума која се тестира. Импресивни се и другите бројки – должината од 7,2 и широчината од 2,45 метри, постигнува максимални 180 km/h, а управувањето е на првите четири тркала.
Како работи, погледнете во видеото.
коментари: