Технологиите да, автомобилот не
» Mercedes потврди дека технологиите од концептот Vision EQXX кој на почетокот на годинава беше покажан на саемот на потрошувачка електроника CES во Лас Вегас ќе го најдат својот пат до сериските модели. Прв кој ќе добие нешто од него ќе биде претстојниот EQC планиран за 2024 година. Тоа автоматски ќе значи дека овој електричен пандан на C-класата ќе има подобри технологии од знаменосецот EQS. Овој модел ќе биде прв кој ќе биде поставен на нова платформа наменета за сите идни компактни и средноголеми модели на марката. Претставување на модел кој директно би произлегол од EQXX не е планирано, иако самиот концепт кој целосно е функционален е многу блиску до сериското производство.