18 години го градеше SL култот
» Секој од седумте (или осумте, зависи како броите) модели на Mercedes кои низ историјата ја имаа ознаката SL заслужува секоја почит, но приказната за R107 серијата е посебна. Целосно новоразвиен, отворениот двосед со платнен или отстранлив тврд покрив беше самоуверено спортско но луксузно возило кое совршено ги комбинираше перформансите и удобноста во возењето. Тој беше првиот SL со V8 мотор и првиот модел на марката кој ја имаше буквата R во фабричката ознака како кратенка за родстер.