Вака ли ќе изгледа луксузната електрична иднина?
» Електричната иднина, гледајќи ја низ призмата на најновите модели од Штутгарт, конкретно свежо претставениот Mercedes EQS SUV, можеби некому не му изгледа како тој сака – новите модели ја немаат агресивноста која сега продава. Сила имаат и повеќе отколку што треба, но место како волци изгледаат како јагненца. Дали на повидок е пресврт во глобалните дизајнерски трендови или пак само Mercedes мисли дека е така? Но место да ги го поставувате прашањето вака ли треба да изгледа луксузната електрична иднина, добро разгледајте го знаменосецот на марката со трокрака ѕвезда – има повеќе причини зошто.