Струјата е неизбежна
» И легендарната G-класа ќе добие електрична верзија. Концептот кој Mercedes го претстави на салонот во Минхен ќе стане придружен член на нејзиното семејство во следниве неколку години, некаде во 2024 или 2025-та. Преминувањето на струја е неизбежно, велат Германците кои ги искористија истата платформа и актуелниот дизајн кој е скоро идентичен. Се забележуваат само мали и разлики – освен кутијата на задната врата за резервното тркало чија четвртастата форма е нејасна всушност само маската која свети, додека мистиката потребна за нејзино успешно пазарно лансирање ја создава отсуството на било какви технички информации.
Затоа засега може само да погодуваме каква ќе биде сериската изведба на моделот означен како EQG, иако некои работи треба да бидат потполно јасни – дека ќе има погон на сите тркала и дека во неа ќе се најде најдобро со кое располага Mercedes, кое во овој случај би дошло од електричниот EQS.