Би платиле ли по 50 илјади долари по цилиндар?!
» Кинескиот пазар си има свои правила, а кинеските купувачи свој вкус кој ние понекогаш тешко можеме да го сфатиме. Затоа колку и да звучи нереално сепак не треба да нé чуди што Mercedes ја нуди G-класата во Кина со мал четирицилиндричен мотор. Турбо технологијата овозможува од моторот на овој модел со ознака G350 со двата литра работна зафатнина да се извлечат 258 коњски сили, а ѕвездата на носот повеќе од двесте илјади долари од џебовите на купувачите, кои освен малку помалите тркала ќе добијат сé друго како и поскапите верзии, вклучувајќи го и деветстепениот менувач.