
Револуција на големи тркала
» При крајот на септември 1996 година на IAA салонот на комерцијални возила во Хановер Mercedes ја презентираше новата ѕвезда на големи тркала. Наречен Actros, овој камион во многу нешта беше револуционерен. Беше прв со диск сопирачки и електронски регулиран систем за кочење, со што стана најбезбедно возило во својата класа. Како пример се наведува дека патот на кочење од брзина од 85 km/h е скратен за цела должина на влекачот и полуприколката. За безбедноста придонесоа и други детали, како на пример новиот дизајн на браниците кои го намалуваа прскањето при возење по дожд. Со низа други иновативни технологии значително беше подобрена ефикасноста во експлоатацијата – интервалите за одржување беа продолжени повеќе од двојно, потрошувачката на гориво намалена за 3 до 7 проценти во зависност од видот на транспортот, а корисната носивост зголемена за до 400 kg. Се внимаваше и на екологијата, како во експлоатација така и во производството на новоразвиените мотори за чиј процесот на монтажа се трошеше за скоро 50 отсто помалку енергија. Новите кабини кои поминаа широк спектар различни краш-тестови пружаа до 47% повеќе простор. Секако, ја освои титулата камиона на годината, како и секоја нова генерација потоа.