Бензински мотор кој работи на дизелски принцип
» Сите добро ја знаеме разликата меѓу бензинските и дизелските мотори – кај првите смесата на гориво и воздух се пали со искра а кај вторите сама од себе, под дејство на големиот притисок во комората за согорување. Стручњаците на Mazda после многу години развој ги имаат обединето овие два спротивставени принципи на работа во моторот кој носи ознака Skyactiv-X со што се постигнува економичност слична на дизелите и емисии на штетни гасови како кај бензинците. Експерименти со ваквите технологии имаат вршено и други производители – Ford, GM, Nissan, Honda, Mercedes и Hyundai, но нивната работа остана во прототипна фаза. Skyactiv-X моторот кој е прв сериски произведуван во историјата сепак има свеќичка која генерира искра за палење на смесата на гориво и воздух за попрецизно да се контролира процесот на согорување.