Tags: , , ,
Lotus Eletre – Нов почеток за британската марка (2*видео)

Пресвртница за Lotus

» Желбата за трансформација на Lotus во вистинска глобална марка го доведе до пресвртница која тој ја најави со впечатлив и прогресивен хипер-SUV во електрично издание. Наречен е Eletre и ги презема темелните начела и гени кои ја дефинираат марката низ седумте ипол децении дизајн и инженеринг на спортските автомобили. Замислен за следната генерација купувачи, тој ги отелотворува емоциите, интелигенција и престижот, проширувајќи го дофатот на името Lotus со приказните кои ќе ги доживее новата публика.

Eletre е направен на нова сестрана електрична платформа која лесно може да се прилагоди на возила во распон од Ц до Е сегментот. Доаѓа со погон на сите тркала кои ќе разделат меѓу себе најмалку 600 коњски сили и со батерија со капацитет преку 100 kWh која ќе обезбеди поминување на околу 600 километри. Заокружувањето на бројките е заради тоа што Lotus сé уште детално се нема изјаснето за спецификациите, но тврди уште дека Eletre ќе има максималната брзина од 260 километри на час и ќе забрзува до сто за помалку од три секунди. Технологиите вклучуваат можност за користење полнач од 350 KW, најнапреден пакет активна аеродинамика на било кој сериски SUV и прв во светот лидар вграден во сериски автомобил. Дека Eletre навистина е сериски треба да потврди неговата официјално започната продажба, иако цената, која се очекува да биде шестцифрена, не е објавена. Првите испораки ќе бидат во текот 2023 година на купувачите во Велика Британија, Европа и Кина, каде ќе се произведува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *