Италијански Mercedes
» Некои автомобили и денес фасцинираат заради изгледот, некои заради својата напредност. Во свое време Lancia Thesis предизвикуваше внимание во сите аспекти. Смелиот дизајн го презеде од концептот Dialogos претставен 1998 година на салонот на автомобилите во Торино. Серискиот модел премиерата ја имаше во Женева во март 2001-вата, ентериерот беше покажан подоцна, на салонот во Франкфурт, а продажбата започна идната година. Беше достапна со атмосферски и турбо мотори со зафатнина меѓу 2,0 и 3.2 литри, петцилидрични или V6. Престижната лимузина долга 4.888 и широка 1.830 mm забележа солиден ефект на пазарите ширум Европа. Колку беше напредна кажува и тоа дека во она време имаше 7-инчен дисплеј.