Tags: , ,
Lamborghini Murcielago (2001-2011) – фото галерија

V12 и ништо друго

» Во моментот кога Murcielago го замени Diablo марката немаше друг модел во понудата бидејќи се подразбираше дека вистински Lamborghini може да биде само V12. Тоа под диктат на Audi кој тогаш беше свеж сопственик на италијанскиот производител брзо се смени, но суперавтомобилот кој го доби името по славниот шпански бик кој во својата битка со тореадорот во коридата во Севиља издржал дури 90 убоди со меч заради што на барање на публиката му бил поштеден животот, напиша уште едно поглавје во славната историја на марката.

Импресивна како и останатите, неговата приказна започнува на салонот на автомобилите во Франкфурт во септември 2001-ва година. Дизајниран од сега веќе славниот белгиски дизајнер Лук Донкерволке роден во Перу и израснат во Латинска Америка и Африка, овој модел го внесе Lamborghini во 21-от век со својот 6,2 литарски V12 агрегат со излезна сила 580 KS остварлива при 7.200 вртежи во минута. Беше и првиот Lamborghini во целост конструиран со користење на CAD-CAM системите кои гарантираа прецизност на највисоко ниво и овозможуваа значајно поголем квалитет на монтажата и завршната обработка. Вкупната височина му беше само 120 сантиметри, а беа задржани и препознатливите обележја како што се вратите кои се отвораат нанагоре.

Стартуваше во само една верзија – како купе со тврд покрив. Благодарејќи на подмачкувањето со сув картер моторот во Murcielago беше поставен пет сантиметри пониско од оној на Diablo, што донесуваше предности кај возните карактеристики. Можеше да постигне максимална брзина од 330 km/h, а од 0 до 100 стигнуваше за 3,8 секунди. Во 2004-тата му се придружи родстер верзијата, а втората серија на моделот и во двете варијанти следеше 2007-мата. Кај нив моторот порасна на 6,5 литри а силата најпрво на 640 а три години подоцна и на 650 коњи кои се извлекуваа на 8.000 вртежи во минута. Круна беше последната изведба 670-4 Super Veloce со 670 KS и максимална брзина од 341 km/h, покрај со поголемата сила постигната и со за 100 kg помалата тежина.

Сите верзии на Murcielago имаа погон на четирите тркала преку систем директно наследен од Diablo, со Ferguson вискозна спојка која можеше да го распредели вртежниот момент до најмногу 70% назад и 30% напред. Подвозјето од јагленородни влакна со подна плоча со мешовита структура со алуминиум во тоа време беше најкрутата потпорна структура која Lamborghini ја имаше произведено. Murcielago беше последниот V12 Lamborghini кој доаѓаше со механички менувач, во неговиот случај со шест степени. За десет години од него беа направени точно 4.099 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *