Едноставно неодолив
» Ако во Европа се спушти до Bayon, Hyundai во Кореја отиде пониско и понуди мал и сестран кросовер со интересна цена и карактеристики. Му додели симпатичен дизајн налик на ништо друго во својата гама и соодветно на тоа име Casper, со кои веднаш им се допадна на купувачите – првиот ден од продажбата во Кореја собра дури 18.840 нарачки, што е најмногу досега за еден неелектричен автомобил на марката. Толкав број луѓе освои со должина од само 3,6 и скоро идентична ширина и висина од 1,6 метри, додека меѓуоскиното растојание му изнесува 2,4 метри. Но колку и овие бројки да звучат минималистички, внатре Casper нуди многу. Интересно е решението со преклопување на наслонот на предните седишта, додека со поместување на задните се добива багажник од цели 301 литар. Опременоста му е солидна, а за погон се грижи 1,0 литарски мотор во верзии со 75 и 100 KS, спарен со четиристепен автоматски менувач. И она најинтересното – цената му стартува од 13,85 милиони вони, во наши пари точно 9.990 евра.
Дали ќе го видиме во Европа? Веројатно не.