Премиера во голем стил
» Со претставувањето на првиот свој модел (ако не го сметаме Seres SF5) под ознаките на новата марка Aito што е кратенка од Adding Intelligence To Auto, Huawei влегува во електричната трка во Кина. Премиерата во голем стил покажа елегантен кросовер со ознака M5 направен во соработка со компанијата Seres чии возила во некои се пласираат под марката DFSK. Основата е презедена од SF5 а дизајнот на каросеријата, ентериерот и целата електроника се развиени во директна соработка со Huawei. Димензиски е сличен со Jaguar F-Pace, а се задвижува со секвенцијален хибриден погонски склоп, што значи дека тркалата ги вртат електромотори, додека 1,5 литарскиот турбо бензински мотор со 125 коњски сили само произведува струја која се складира во батерии со капацитет од 40 киловат-часа. На располагање ќе биде во три верзии – основната со погон само на задните тркала со 204 коњски сили и две верзии со погон на сите тркала со 428 и 496 коњи. Цените стартуваат од 39.000 долари со вклучени државни субвенции, а испораките ќе започнат напролет. Никакви планови за интернационална експанзија не се споменати.
Huawei (односно Aito) за 2023 година има најавено уште еден средно голем електричен кросовер.