Нов модел со старо и славно име
» Honda (всушност нејзината американска луксузна филијала Acura) го потврди доаѓањето на Integra за идната 2022 година. Во прекраткото соопштение за овој нов модел со старо и славно име се вели дека ќе биде премиум спортски компакт со впечатлив дизајн, односно како што се гледа на илустрацијата лифтбек со пет врати. Барајќи од нас трпение додека малку се доближи датумот за претставување, ништо повеќе не е кажано за него. Затоа и ќе претпоставиме дека она што го подготвија за Кина (прочитајте повеќе тука) може да биде пренесено и во Америка. Европа никој не ја споменува.