Продолжува електрификацијата на европската гама на Honda
» Со лансирањето на новата генерација на Civic која ќе биде достапна само во хибридна изведба, Honda продолжува со електрификацијата на својата европска понуда. Јапонскиот модел кој годинава го прославува 50-тиот роденден, во своето најново руво донесува прогресивен и возбудлив дизајнерски пристап, обединет со сите аспекти на развојот на технологиите. Елегантната и спортска силуета е добиена со спуштање на линијата на хаубата за 25 mm, а со зголемувањето на застаклените површини е постигнато поголемо чувство на пространост на кабината која е зголемена со продолжување на меѓуоскиното растојание.
Тоа влијаеше и на динамичните перформанси, за што сепак повеќе заслуги има хибридната e:HEV технологија. Со принцип на делување познат од Jazz, HR-V и CR-V, таа комбинира дволитарски бензински мотор со електромотор, генератор, едностепена трансмисија и нови 72-ќелиски литиум-јонски батерии. Испорачува максимални 184 KS и 315 Nm и е способна незабележливо да се префрлува меѓу електричниот, хибридниот и бензинскиот погон без никаква интервенција од возачот. Она што тој може да го бира се четирите режими на работа – Eco, Normal, Sport и новиот Individual. Сето тоа со помош на новоразвиената интелигентна контролна единица треба да резултира со емисија на 110 грама по километар CO₂ и просечна потрошувачка од 5 l/100 km.
Деталните спецификации и цените ќе ги дознаеме наесен, за кога се подготвува пазарното лансирање на новата генерација на Civic во Европа.