Го нема кај нас, ама секако е интересен
» Малку историја: пред 10 години Honda за јужноазиските пазари го лансираше малиот автомобил Brio, како модел помал од Jazz. За кратко време неговата платформа ја искористи за како основа и за други модели, меѓу кои неговата седан извеба Amaze. Успехот на ова семејство доведе до негова втора генерација во 2018 година, на која сега веќе ѝ дојде ред за фејслифтинг. Така седанчето долго едвај 4 метри (за два прста помалку од Jazz) сега има модификуван преден дел со поширока маска и дотерани ЛЕД светла, изменен заден браник, други тркала, хромирани детали, нов инфо-забавен систем, побогата опрема… Палетата мотори остана непроменета -1,2 литарски бензинец со 90 KS и 1,5 литарски дизел со 100 KS, по избор со 5-степен мануелен или CVT менувач. Цените стартуваат од 7.300 евра.
И пред да прашате да ви одговориме – не, нема шанси да го видиме и во Европа.