Арно, ама…
» Премногу е добро да биде вистинито, но сепак е вистинито – Honda ја подготви новата Integra! Арно ама, повторно, премногу е добро да биде вистинито бидејќи овој модел е наменет само за Кина. Но и да не беше, фановите на Honda немаше да паднат во депресија на оваа вест бидејќи се работи само за малку поинаков Civic седан од новата генерација со дотерани светла, маска и браници. Димензиите се скоро идентични, а според првичните информации ќе се опремува со 1,5 литарски турбо бензинец со 182 KS. Honda за Америка подготвува друг модел кој под името Integra, кој треба да биде лансиран под ознаките на Acura. За Европа подобро не прашувајте.
коментари: