Само за Блискиот Исток
» Новиот Ford Mondeo тргна на пат и од Кина стигна до Блискиот Исток, но таму ќе застане. Патува под друго име, Taurus, затоа што тоа таму е попознато. Атрактивно обликуваната лимузина е долга точно 4.935 mm, за 75 повеќе од Škoda Superb, а импресионира и со меѓуоскиното растојание од дури 2.954 mm. Под хаубата има дволитарски бензински мотор кој со турбо компресор произведува 234 KS и 376 Nm вртежен момент, поврзан со предните тркала преку осумстепена автоматика. Ford не ги објавува перформансите, но тие за арапскиот свет не се ни битни, ниту колку е брз, ниту колку троши. Она што им е битно е тестиран на исцрпувачките жештини со амбиентални температури до 50 степени целзиусови. Не е објавена ни цената, ама ни тоа не е битно.