Наследството од групата Б
» Неизмерно брзи и софистицирани, автомобилите од групата Б беа нешто навистина посебно. За да добијат хомологација за можат да учествуваат на рели натпреварите, производителите мораа да направат барем 200 примероци. Овие модели беа и останаа доста атрактивни, а еден меѓу нив е и Ford RS200. Го задвижува централно поставен 1,8 литарски Cosworth турбо мотор кој развива 250 KS при 6.500 вртежи во минута кои се пренесуваат на сите четири тркала. Дизајнот го потпишува Ghia, а за панелите на каросеријата направени од стаклопластика беше задолжен Reliant. Со моторот е спарен петстепен мануелен менувач, а тука се и одличните Speedline тркала. Постигнуваше максимални 237 km/h а до 100 забрзуваше за 5 секунди. Цената му изнесуваше околу 150 илјади марки.