Изгледа добро, зарем не?
» Би купиле ли кинески автомобил? Ако судиме според новиот Ford Mondeo, тогаш зошто да не? Ваквите реакции сепак тешко дека ќе ги премислат раководните луѓе на марката да ја ревидираат својата одлука за исфрлање на моделот од Европа. Се зборува дека тој во некоја блиска иднина може да биде заменет со нешто што повеќе ќе биде кросовер отколку седан, но тоа баш и не е со определбата иднината да им биде електрична. Во секој случај, ништо не нé спречува добро да ги разгледаме фотографиите од новата генерација на Mondeo за Кина, за која Ford сé уште нема објавено технички податоци, што за нас нема некое значење.