Губење на гените, бледеење на страста
» Првата генерација на европскиот Mustang имаше голема популарност – Capri се продаде во 1,2 милиони примероци. Но купувачите имаа некои замерки кои Ford се обиде да ги надмине со втората едиција на купето направено на база на Escort. За жал на погрешен начин, бидејќи ги загуби гените а страста што ја предизвикуваше неговото возење избледе. Главните зафати на моделот што се појави во февруари 1974-тата беа пократката хауба, поголемата кабина и додавањето трета врата место класичен багажник. Механички беше доста сличен но конструкциски еволуираше и возењето беше помеко и покомфорно, видливоста назад беше каде-каде подобра, а унапредени беа и квалитетот и безбедноста.
Но колку што беше пофункционален, толку Capri II дизајнерски беше полош. Поголемите предни правоаголни светла овозможува подобро осветлување, димензиите во сите правци му беа зголемени, но меѓуоскиното растојание задржано. Моторната понуда беше доста широка – од 1,3 литарскиот со 55 KS до трилитарскиот V6 со 138 KS. При крајот на 1976-тата запре производството во Велика Британија и Capri II доаѓаше само од германските погони на Ford. Две години подоцна се појави и третата генерација, која всушност беше само успешно редизајниран модел кој се произведуваше до 1986-тата, кога и беше заклучена судбината на Ford-овото европско купе.