Купувачите одлучија како ќе се вика
» Fiat го приведе при крај маркетиншкиот експеримент во кој ги повика купувачите да го изберат името за новиот SUV што ќе се продава во Латинска Америка. Бирајќи меѓу Tuo, Domo и Pulse, поголем дел од вкупно 380-те илјади, односно 65%, се одлучија токму за Pulse. Возилото кое се развиваше под кодната ознака Progetto 363 во основа е SUV верзија на моделот Argo, кој таму е замена за Punto. Долг е 4,1 метри, широк 1,76 и висок 1,54, а има меѓуоскино растојание од 2,53 метри. Ќе се опремува со атмосферски 1,3 литарски мотор со 109 KS и 1,0 литарски турбо трицилиндричен мотор само за Бразил, со некои 120-130 KS. Продажбата ќе му започне есенва, а да стигне во Европа нема никакви шанси.