Мала врата за семејства со мали деца
» Како што напишавме на почетокот на месецов, новиот Fiat 500 доби уште една странична врата. Смислена според конфигурацијата 3+1, таа е мала колку што просторот до задниот столб дозволува и се отвора спротивно од предната, која пак мора прво да се отвори. Италијанците кои ја класификуваат оваа верзија на електричниот 500 како нова каросериска изведба покрај стандардниот хечбек и кабриолетот, со неа целат кон семејствата со мали деца. Колку зголемената практичност на моделот ќе им се допадне, допрва ќе дознаваме. Она што сега го знаеме е дека вакви решенија скоро и да нема на пазарот.
коментари: