Настанува 4-тиот автомобилски производител во светот
» Акционерите на Fiat Chrysler и PSA групата денес треба да се согласат за спојување на двете компании со што ќе настане 4-тиот автомобилски производител во светот кој ќе ги обедини двете индустриски династии, семејствата Пежо и Ањели. Заради корона-протоколите состаноците на акционерите ќе бидат он-лајн, без физичко присуство. Прво во 10 часот ќе започне состанокот на Peugeot, а подоцна во 14:30 и оној на FCA. Со позитивното изјаснување на акционерите, создавањето на новата компанија Stellantis кое се очекува да финализира до крајот на првиот квартал, ќе биде само административна работа.