Кога човек има силна желба…
» Ferrari дури сега го претстави првиот свој SUV, но првиот SUV со препознатливиот амблем со нескротливото коњче е од 2014-та. Како што гледате на фотографиите, се работи за куќна преработка на првата генерација на Porsche Cayenne зачинет со спојлери слични на оние од моделите на Ferrari, обоен во Rosso Corsa црвена боја и накитен со оригинални амблеми на марката од Маранело. За да биде поатрактивен за возење преработен е и моторот – да работи на авто-плин… Едноставно, некои луѓе имаат силна желба и ги земале работите во свои раце.