За мерак на возачот
» Веќе 90 години сите искуства што Ferrari ги стекнува на тркачките патеки ги прелева во своите сериските модели. Посебно кога има посебна причина како што е тоа споменатиот јубилеј од постоењето на Scuderia Ferrari. По тој повод во Маранело падна одлука да се направи патен Ferrari со округло 1.000 (и со букви: илјада) коњски сили. За задржување на врвните својства гарантира односот од 1,57 kg/KS. Плус на тоа при 250 km/h аеродинамиката притиска на задната оска со 390 kg.
Во SF90 Stradale се вградува најсилниот V8 досега. Турбо моторот со агол помеѓу цилиндрите од 90° испорачува 780 KS, а остатокот до илјада го надополнуваат трите електромотори. Еден од нив е поставени меѓу моторот и новиот 8-степен менувач, а другите два на предната оска. Поврзаноста со технологијата од F1 се гледа во идентичниот MGUK (Motor Generator Unit Kinetic) принцип на генерирање на електричната енергија. Втората единица која генерира електрична енергија од топлинските загуби останува ексклузива само за екипата во формула.
Иако се чини дека возењето со SF90 Stradale бара завршување на некој технички факултет, тоа е до крајни граници поедноставено. Возачот само бира една од четирите програми за испорака на силината, а за распределбата на вртежниот момент, работењето на електромоторите и празнењето на батеријата се грижи модифициран електронски менаџмент од тркачкиот F1 болид.
Цената во Италија му изнесува 430.000 евра, за скоро сто илјади повеќе од следниот најскап сериски модел на марката, 812 GTS.