Моќен, брз, скап…
» Годината 1967-ма има посебно значење за Ferrari – тогаш италијанската марка ги освои првите три места на 24-часовната трка во Дејтона. Во чест на тоа претставен е нов специјален модел наречен Daytona SP3 кој ќе биде произведен во 599 примероци, сите распродадени и покрај цената од 2 милиони евра без давачки. Има 6,5 литарски V12 мотор кој е модификација на агрегатот од 812 Competizione и развива 840 KS и 697 Nm, доволни за 340 km/h и забрзување до 100 km/h за само 2,85 а до 200 за 7,4 секунди. Седиштата прицврстени за кокпитот (заради што се подесуваат управувачот и педалите) се сместени пониско отколку кај било кој друг модел на марката, како резултат на што целиот автомобил е висок само 1,14 метри. Затоа и Ferrari се фали дека Daytona SP3 е најаеродинамичниот модел во нивната историја. Во неговата конструкција се користени суперлесни и издржливи композитни материјали како и кај F1 болидите, а со 80 отсто од функциите на автомобилот може да се командува без тргање на рацете од управувачот.
Уживајте во фото-галеријата и видеото.