Екслузивен електричен мотоцикл со автономија од 200 километри
» Еден ден кога ќе снема нафта, сите ќе бидеме приморани да возиме на струја. Тоа е извесната судбина која не очекува. Но, што ќе прават тогаш заколнатите мотоциклисти кои никако нема да се помират со затварање во четирите автомобилски ѕидови?!
Одговорот веќе е подготвен – Essence Motorcycles е една од многуте компании кои веќе неколку години развива електричен мотоцикл. Младиот конструктор (и споственик) Мартин Хулин веќе понуди мала серија од креацијата која ја развива подолго време, со ознака E-Raw. Ексклузивна до бесвест, според што е формирана и ексклузивна цена од 55.000 евра. Во неа покрај напредната технологија е пресметан и радикално нов дизајн. Обликот на дрвеното седиште кој ја следи силуетата, изведен во стилот на штиците за сурфање, досега не е виден во светот на возилата со две тркала.
Од класичната техника во мотоциклот ги гледаме решеткастата носечка структура, Ohlins ослонувањето и сопирачките кои ги испорачува Beringer. Моментот на надоаѓачката технологија е запазен со сетот на батерии од Pierre-Yvess кој има капацитет да го движи мотоциклот до 200 km, а за чие полнење се потребни само 30 минути.
За да отстраниме било каков знак на скептицизам околу динамиката, E-Raw слободно можеме да го споредиме со класичарите од типот на Yamaha R6 и Ducati Monster 821. Тоа го дозволуваат коњските сили – 109 или 204 на број, како и максималниот вртежен момент од 210 или 400 Nm. Како за илустрација, од мирување до 100 km/h нормалната верзија на мотоциклот стигнува за 3,4 а засилената за 2,8 секунди. Максималната брзина и кај двете електронски е ограничена на 200 km/h.
Да не заборавиме и на моментот што за возење на овој мотоцикл ви е потребен смартфон – тој служи како инструмент табла!