Вака би требало да изгледа DS во иднината
» Францускиот DS се подготвува од 2024 година да стане целосно електрична марка и неговата иднина ја наговестува со нови E-Tense Performance концепт кој е задвижуван со електричната погонска група од формула Е. Во неа DS учествува од 2015 година и има големо искуство во комбинирањето на спортот со електромобилноста, во целост искористено кај овој концепт кој ги најавува новите дизајнерски насоки. Моќно обликуваната купе каросерија изработена од јагленородни влакна крие два електромотора, по еден за секоја оска, со вкупно 815 KS. Но тука не се најважни моторите туку изгледот бидејќи вака би требало да изгледа DS во иднината.