Лошо избраното име не му запречи во успехот
» Првата генерација на Charade за која Daihatsu подготви нов трицилиндричен мотор од 993 cm³ со 55 KS, иницијално понудена само со пет, а подоцна и со три врати со интересно тркалезно стакло во задниот столб, освен во Јапонија стана популарна и на некои други пазари, како Чиле и Грција. Беше складен автомобил чии рамни линии веќе го најавува стилот на 1980-тите. Тоа стана уште поизразено после редизајнот во 1981 година кога моделот меѓу другото доби правоаголни светла.
Во втората генерација од 1983 година која масовно беше копирана од страна на повеќе кинески производители, Charade доби проширена палета мотори, меѓу кои турбо бензинец со 80, дизел со 37 и турбо дизел со 50 KS, чија издржливост Daihatsu ја демонстрираше со 117-дневно нон-стоп возење правејќи десет круга околу јапонскиот архипелаг. Најпозната и кај нас во Европа и низ светот е третата генерација која се појави во 1987 година, која се продаваше и во САД. Четвртата и последна генерација која се произведуваше од 1993-тата до 2000-тата ја заокружи приказната за овој популарен автомобил кој се покажа како прилично издржлив и траен, чие име после тоа Јапонците го употребија уште два пати – во 2003-тата лансирајќи на некои пазари други свои модели под таа ознака и во 2011-тата кога се обидоа во Европа да го продаваат ребрендираниот Toyota Yaris произведен во Тајланд, сé до повлекувањето на марката од европскиот пазар на крајот на јануари 2013-тата.